Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Во вторник и во среда се очекуваат студени утра со температури под нулата. Во вторник минималната температура ќе се спушти до минус пет, а во среда до минус осум степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Од среда кон крајот на денот ќе настапи период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните делови од земјата, каде што локално може да наврнат повеќе од 30 литри на квадратен метар.

Со новото заладување во текот на викендот, врнежите на повеќе места ќе преминуваат од дожд во снег.