Фото: МВР/илустрација

Осум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Шестмина од нив управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Б.Р. (36) од тетовското село Слатино, З.С. (34) од Кичево, Д.Т. (40) од гевгелиското село Миравци, Е.Б. (24) и двајца 17-годишници од Скопје.

Од МВР дополнуваат дека со 14-годишник од Велес бил извршен службен разговор во присуство на родител, откако било утврдено дека управувал мопед без возачка дозвола.

Другите двајца возачи, В.К. (44) од Скопје и Н.С. (26) од Охрид, управувале возила и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило.

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.