Фото: Асоцијација на специјализанти и млади лекари

Почина професор доктор Зоран Спировски, торакален хирург и поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.

Веста за смртта на проф. д-р Спировски ја објави министерот за здравство Сашо Клековски на неговиот фејсбук профилот.

– Торакален хирург со децениски стаж, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. Спировски остави длабока трага во македонското здравство. Им помогна на безброј пациенти, а генерации млади хирурзи ги учеше на знаење, посветеност и човечност – напиша Клековски во објава на социјалната мрежа.

Клековски изрази сочувство до семејството, колегите и сите што го познавале.