Пијанистката Викторија Митеска-Малезан ќе настапи на концерт посветен на двајца од најзначајните руски композитори на 20 век – Дмитри Шостаковиќ и Сергеј Прокофјев, по повод 120-годишнината од раѓањето на Шостаковиќ и 135-годишнината од раѓањето на Прокофјев.
Концертот ќе се одржи денеска, со почеток во 19 часот, во малата сала на Македонската филхармонија, а влезот за посетителите е слободен.
Покрај Викторија Митеска-Малезан на пијано, на концертот ќе настапат и виолинистките Анна Кондратенко и Ева Богоевска, пијанистката Огненка Герасимовска-Димитровска, сопранот Магдалена Тодоровска и бас-баритонот Дарко Тодоровски.
Музичката вечер ќе биде посветена на творештвото на двајцата композитори, чии дела оставиле силен белег во светската музичка историја. Настанот се одржува под покровителство на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.