Фото. Александар Вучиќ/Инстаграм

Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од апсење бидејќи, како што рече, не потпишал ништо во врска со пари.

Вучиќ синоќа беше гостин на ТВ Пинк и рече дека ништо не може да се најде против него, пренесе Бета.

– Јас не потпишувам ниту правам нешто во врска со парите, и ништо не може да се најде во врска со тоа. Не знам дали ме разбирате. Можете да прашате дали тој (Вучиќ) му рекол нешто на некого…Тие немаат ништо – рече поранешниот претседател на Србија.