На вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, до 13 часот гласале 4.518 избирачи, односно 27,81 отсто од вкупно запишаните гласачи, информира Државната изборна комисија (ДИК).
Според податоците од сите 24 избирачки места, излезноста е повисока за 7,31 процентен поен во споредба со првиот круг, одржан на 18 октомври годинава.
Во однос на заштитата на избирачкото право, до 13 часот во ДИК бил поднесен еден приговор, кој бил усвоен. По тоа, на гласачот му било овозможено да го оствари правото на глас.
Од Комисијата најавија дека следниот пресек на излезноста и текот на гласањето ќе биде соопштен на прес-конференција во 15.30 часот, во седиштето на ДИК.

































