КОШАРКА
- Ова ќе биде четврта сезона на тоа натпреварување, а досегашни победници се Лос Анџелес лејкерс (во 2023 година), Милвоки (2024 г.) и Њујорк (2025 г.)
Новата сезона на кошаркарскиот НБА-куп почнува в петок, кога почнува групната фаза, при што Њујорк гостува кај Филаделфија, а потоа следува дуелот Лос Анџелес лејкерс – Голден стејт, пишува НБА.
Во текот на турнирот, натпреварите повторно ќе се играат на терени со посебен дизајн, целосно обоени. Овие визуелно впечатливи терени ќе бидат претставени за време на групната игра, четврт-финалето и полуфиналето, создавајќи унифициран изглед за натпреварите, пишува НБА-лигата на својата интернет-страница.
За НБА-купот сите 30 екипи се извлечени во групи со по пет тима во рамките на нивната конференција, врз основа на евиденцијата за победи и порази од регуларниот дел од сезоната 2025/2026. Групната фаза ќе трае до 27 ноември, а секој тим ќе одигра по четири натпревари.
Потоа, осум екипи ќе се пласираат во нокаут-рундите. Четврт-финалето и полуфиналето ќе се играат на терените на тимовите од кошаркарската НБА-лига, пред турнирот да кулминира со финалето на 11 декември, во Индијанаполис.
НБА-купот се игра од 2023 година. Досегашни победници се Лос Анџелес лејкерс (во 2023 година), Милвоки (2024 г.) и Њујорк (2025 г.). Н.М.
































