Што знаеме, а што не знаеме за Македонија? Од кога човекот живеел на територијата на денешна Република Македонија? Какви тајни крие древната македонска земја и што можеме да научиме од цивилизациските слоеви од минатото?
На 6 ноември 2026 година, во големата сала на „Киноверзум“ и Меѓународниот славјански универзитет „Свети Никола“ во Свети Николе, со почеток од 20 часот ќе се одржи првото јавно предавање на м-р Никола Ристевски на темата „Мистична Македонија – музеј под отворено небо“. Презентацијата на природните ресурси, културното наследство и економскиот потенцијал на Република Македонија, по успешните претставувања во Хрватска, за првпат се прикажува пред пошироката јавност во Република Македонија.
Ова мултидисциплинарно предавање ги води присутните во длабоко патување низ времето и просторот, откривајќи ја Македонија како музеј под отворено небо во кој митовите и науката се испреплетуваат. Предавањето е наменето за истражувачи, студенти, културни и за туристички работници, како и за сите љубители на историјата и мистериите што сакаат да ја согледаат Македонија низ една сосема нова, длабока и инспиративна перспектива. Настанот предвидува 60-минутно предавање и мултимедијална презентација и 30 минути за прашања и одговори. Н.М.

Локација: Меѓународен славјански универзитет – „Киноверзум“ – Свети Николе
Датум и време: 6.11.2026 г. (петок од 20 часот).
Билетите се достапни во претпродажба на tix.mk

Медиумски покровител е првиот дневен весник во Република Македонија „Нова Македонија“, а настанот е поддржан од Центарот за перманентно образование и Институтот за култура и уметност при Меѓународниот славјански универзитет „Свети Никола“ во Свети Николе, „Киноверзум“, „Спејс парк“ – Скопје, „Емкице КИЦ“, „Голден сани инвест“, „Виртуално360хр“, здружението на граѓани „Откритие“, „ВанДронМк“, „Глобал маседониан фаундејшн етернал Вечна“ и книжарница и печатница „Бубамара хит“.

Повеќе за Ристевски можете да дознате од неговите текстови во „Нова Македонија“ и неговиот јутуб-канал.