Фото: Фондација за култура и спорт - Куманово

Фотовест

На платото пред НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово, неодамна се одржа традиционалниот уличен фестивал за деца „КуманиУМ“ во организација на Фондацијата за култура и спорт на Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината.
Манифестацијата е во рамките на празничната културно-уметничка програма во чест на 11 Октомври.
На плоштадот, најмалите имаа можност да се дружат со професионалниот аниматор и жонглер Дарко Ѓурчиновски во неговото шоу „Комедија за деца“ (Comedy kids show), како и со „Кидос“ – маскоти на омилените јунаци од детски цртани филмови. Дружењето беше збогатено со детско ликовно катче, каде што најмалите ги изразија своите креативни способности, мотивирани од забавниот несекојдневен настан.