Meсецов завршија часовите по сликање за основците од училиштата „Герас Цунев“ од Просениково, „Св. Кирил и Методиј“ од Иловица и „Видое Подгорец“ од Струмица, како дел од програмата на домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица.
Всушност, проектот опфати неколку циклуси на часови по цртање под менторство на ликовната уметница Роза Мојсовска.
Роза Мојсовска е македонска ликовна уметница од Струмица, позната по тоа што слика држејќи ја четката со устата. Нејзиното творештво опфаќа сликарство, а нејзиниот уметнички пат е поврзан со многубројни самостојни и групни изложби и учество во меѓународни уметнички манифестации.
Во рамките на работилниците децата учеа за вештините на сликање, а потоа самостојно создадоа свои дела во техниката акрил на платно, под менторство на уметницата.
На часовите беа вклучени ученици од споменатите училишта и наставничките Слободанка Митева, Виолета Каракашева и Македонка Ангелова Стоилова.
Ф.Д.
Сликарка
на Анамарија Чирковиќ
Анамарија е сликарка,
додека слика таа „краде“
немојте никому да му кажете,
не би требало да се знае.
Кај неа, да не сте во дилема
меѓу градовите Брач и Задар,
облаците, рибарите, бродовите
морските бранови… ги снема.
За крадење не ѝ требаат
оружје, маска, темни ноќи,
за кражба ѝ се доволни
раце златни, платно и очи.
Автор: Никола Шимиќ Тонин
Препев од хрватски на македонски јазик: Филип Димкоски
































