Денеска телефонски разговарав со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија, кому му ја честитав изборната победа и му посакав успех во периодот што следува, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
– Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на Македонија и Србија – напиша Мицкоски
































