Фото: Маја Јаневска-Илиева

Киро Донев, писател чие творештво во Македонија не добива доволно место ниту во саемските каталози, а уште помалку признанија од институциите, официјално е номиниран за наградата „Астрид Линдгрен“ (АЛМА) за 2027 година.

И додека кај нас неговото дело често останува на маргините на институционалното вреднување, Донев и понатаму активно твори. Речиси секоја година објавува нова книга, а со постојаните средби со своите читатели покажува дека е омилен автор не само меѓу децата, туку и меѓу генерациите што пораснале со неговите книги. Киро Донев, e ексклузивен автор на „Македоника литера“

За неговата популарност сведочат и многубројните реакции на веста за номинацијата. Таа е големо признание за Киро Донев, за неговото творештво и за неговото долгогодишно присуство во светот на детската литература. Воедно, претставува признание за македонската книжевност за деца.

Јадранка Владова уште пред две и пол децении истакна дека со Киро Донев може да се гордее секоја литература во светот.

Додека во Македонија неговото име не секогаш го наоѓа заслуженото место во институционалните претставувања, со него се гордеат неговите читатели и пријатели. А тој отсекогаш велел дека најголемата награда за еден писател се неговите читатели – тоа што ги читаат неговите книги и што тие продолжуваат да живеат меѓу генерациите.

Затоа, можеби, најголемото признание веќе го има: љубовта на своите читатели.

Киро Донев е добитник на најголемата награда – своите читатели.

Еден е Киро Донев. Да го читаме Киро Донев!