Фото: МВР/илустрација

Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица вчера попладне спречиле група од околу 40 мигранти илегално да влезат во државата од соседна Грција.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека 15 мигранти биле лишени од слобода и предадени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија за понатамошна постапка.

Според информациите од МВР, групата била забележана вчера околу 17:30 часот на местото викано „Ќупот“, во атарот на гевгелиското село Моин, во близина на граничната линија со Грција.

 – При преземање мерки, полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели од огнено оружје во воздух – наведуваат од МВР во дневниот билтен.