Македонија е над европскиот просек според уделот на населението на работоспособна возраст, покажуваат податоците на Евростат.
Во земјава 59,5 проценти од населението на возраст од 20 до 64 години спаѓа во работоспособната категорија. Во Европската Унија, овој удел изнесува 58,3 проценти.
Најголем удел на работоспособно население меѓу осумте плански региони во Македонија има Полошкиот регион, со 61,6 проценти. Најмал удел е регистриран во Скопскиот регион, каде што работоспособното население сочинува 58,3 проценти.
Во ЕУ, највисок удел на население на работоспособна возраст има во 22 региони во Германија, каде што просекот достигнува 63 проценти. Високи удели се регистрирани и во неколку региони во Данска, како и во островските региони на Шпанија.
Од друга страна, во 189 региони во ЕУ населението на возраст од 20 до 64 години сочинува помалку од 55 проценти од вкупното население.
Станува збор главно за рурални подрачја, меѓу кои внатрешноста на Португалија, големи делови од рурална Франција, поголемиот дел од источна Германија, како и руралните области во Бугарија, Грција и нордиските земји.

































