Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

  • Од идната сезона Лигата на нациите ќе има три лиги, па преостанатите две кола сезонава ќе бидат возбудливи во трката за трофејот и како квалификации за опстанок или за влез во повисок ранг

Актуелниот победник на Лигата на нациите, Португалија, и светскиот и европски шампион Шпанија се првите фудбалски селекции што обезбедија пласман во четврт-финалето во Лигата на нациите. По четири кола тие имаат по 12 бода и не можат да бидат послабопласирани од второто место во своите групи.
Откако идната сезона на Лигата на нациите ќе претрпи промени (наместо четири ќе има три лиги), преостанатите две кола во ноември ќе бидат возбудливи во трката за трофејот и како квалификации за опстанок или за влез во повисок ранг. Македонската репрезентација, која е дебитант во лигата Б, во ноември ќе игра за директен опстанок, кој се обезбедува со пласман на третото место во својата група. Четвртото место носи играње во плејофот за опстанок, против репрезентација на второто место во групите во лигата Ц. Во следната сезона, Лигата на нациите ќе има три лиги наместо четири, А, Б и Ц. Поради тоа во моментов сигурно е само тоа дека сите шест селекции од лигата Д директно ќе бидат промовирани во лигата Ц. Покрај нив, во ноември сезоната ќе ја завршат уште вкупно 24 репрезентации, и тоа третите и четвртите селекции во групите во лигата Ц (вкупно осум), победниците на групите во лигите Б и Ц (вкупно осум), третопласираните во лигата Б (четири), подобропласираните две меѓу третите селекции во лигата А (две) и третата и четвртата репрезентација меѓу четвртопласираните во лигата А (две). За другите 24 репрезентации сезоната ќе продолжи, осум селекции ќе играат во четврт-финалето, а уште по осум во плејоф-средбите за пласман во лигата А и во лигата Б. Н.М.


ЛИГА НА НАЦИИТЕ

Лига А: Група 1: Петто коло (12.11): Турција – Белгија, Италија – Франција. Табела: Франција 10, Италија 7, Белгија 6, Турција 0. Група 2: Петто коло (13.11): Холандија – Грција, Србија – Германија. Табела: Холандија 8, Грција 8, Германија 5, Србија 0. Група 3: Петто коло (12.11): Чешка – Шпанија, Англија – Хрватска. Табела: Шпанија 12, Англија 9, Хрватска 3, Чешка 0. Група 4: Петто коло (14.11): Норвешка – Велс, Португалија – Данска. Табела: Португалија 12, Данска 6, Норвешка 3, Велс 3.
Лига Б: Група 1: Петто коло (13.11): Шкотска – Македонија, Словенија – Швајцарија. Табела: Швајцарија 12, Словенија 7, Шкотска 4, Македонија 0. Група 2: Петто коло (14.11): С. Ирска – Украина, Грузија – Унгарија. Табела: С. Ирска 8, Унгарија 7, Украина 4, Грузија 2. Група 3: Петто коло (14.11): Косово – Израел, Австрија – Р Ирска. Табела: Австрија 8, Косово 5, Р Ирска 5, Израел 2. Група 4: Петто коло (14.11): Шведска – БиХ, Романија – Полска. Табела: Шведска 10, БиХ 8, Полска 4, Романија 0.
Лига Ц: Група 1: Петто коло (12.11): Албанија – Финска, Сан Марино – Белорусија. Табела: Албанија 9, Финска 7, Белорусија 7, Сан Марино 0. Група 2: Петто коло (15.11): Ерменија – Кипар, Црна Гора – Летонија. Табела: Црна Гора 10, Кипар 7, Ерменија 4, Летонија 1. Група 3: Петто коло (13.11): Молдавија – Казахстан, Словачка – Фарски О. Табела: Словачка 10, Фарски О. 4, Молдавија 4, Казахстан 2. Група 4: Петто коло (13.11): Бугарија – Исланд, Луксембург – Естонија. Табела: Исланд 8, Естонија 6, Бугарија 4, Луксембург 3.
Лига Д: Група 1: Идно коло (13.11): Андора – Гибралтар. Табела: Малта 7, Гибралтар 2, Андора 1. Група 2: Идно коло (13.11): Лихтенштајн – Азербејџан. Табела: Азербејџан 5, Литванија 4, Лихтенштајн 1.