Obvinitelstvo Bitola
Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска изврши претрес во дом и во службени простории на Вишото јавно обвинителство Битола поради сомнение за сторени коруптивни кривични дела.

Од МВР засега не соопштуваат дополнителни детали за истрагата.

Дел од медиумите објавија дека, според неофицијални информации, претресот се поврзува со постапувањето околу враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски.

За случајот со враќањето на пасошот претходно беше објавено дека Вишото јавно обвинителство во Битола дало позитивно мислење по барањето на одбраната на Марковски, откако Основното јавно обвинителство Струга претходно дало негативно мислење.

Од Јавното обвинителство официјално се потврдени и надлежностите на Вишото јавно обвинителство Битола, кое врши надзор над основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Ресен.