Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.
Поради ниските температури, на некои места е можна појава на голомразица, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, соопштија ЈП „Македонијапат“ и Автомотосојузот на Македонија кои апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.