Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги објавува списоците на добитници на финансиска поддршка за набавка и вградување на инвертер-клима уреди, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година.
За двете опфатени категории се доделени над 500 потврди-ваучери, со кои на домаќинствата што ги исполнуваат условите им се овозможува поддршка за набавка и монтажа на инвертер клима-уред.
Поддршката е наменета за: домаќинства со едно или повеќе лица корисници на надоместок заради попреченост, согласно член 44 од Законот за социјалната заштита; домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток до 26 години.
На следниот линк се објавени списоците на добитници:
Добитниците треба да го реализираат ваучерот до 15 октомври.
































