Фото: ЦУК

До 13:00 часот, денеска, регистрирани се вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, три се под контрола, а еден е изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во:

  • Општина Сарај: село Копаница (ниска вегетација);
  • Општините Гостивар и Македонски Брод: село Трново (Општина Гостивар) кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод) (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат);
  • Општина Чашка: над село Нежилово, м.в. Сватови (ниска вегетација и единечни дрва);
  • Општина Јегуновце: село Копанце (мешана шума);
  • Општина Прилеп: над Касарната во Прилеп (дива депонија и ниска вегетација);
  • Општина Прилеп: кај Старите гробишта во Прилеп (ниска вегетација);
  • Општина Охрид: село Велмеј – село Брежани (ѓубре и ниска вегетација).

Под контрола се пожарите во:

  • Општина Делчево каде гори депонија (ѓубре);
  • Општините Студеничани и Зелениково: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер (Општина Студеничани) и кракот кон село Палиград, над село Вражале и село Тисовица (Општина Зелениково) каде е зафатена мешана шума;
  • Општина Пласница: село Дворци каде гори депонија.

Изгаснат е пожарот во Општина Струмица: село Банско на дива депонија.