Тројца македонски државјани, едно полнолетно и две малолетни лица, загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот А1 во близина на Унец, Словенија, потврдија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Како што наведуваат од МНРНТ, во несреќата се повредени и уште две лица кои се наоѓале во возилото, кои исто така се македонски државјани.
– До Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено официјално известување од словенечката полиција за тешка сообраќајна незгода што се случила на 27 август 2026 година на автопатот А1, во близина на Унец. Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Северна Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани. Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер – стои во соопштението.
Македонската Амбасада во Љубљана, додаваат, е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.




































