Над 75 уметници од осум земји на „Пеењето на славејот“

  • Повеќе од 75 креативци од осум земји ќе се обединат преку визуелната уметност, музиката и филмот, трансформирајќи го овој граничен простор во место за културна средба, дијалог и отворена размена

Интернационалниот фестивал за современа уметност и култура „Пеењето на славејот“ годинава под мотото „Ноќ на границата“ ќе ги сплоти Балканот и светот во Преспа од 18 до 20 септември 2026 година.
– Годинашното издание ќе се одвива во Лемос (Преспа), на само неколку метри од историскиот граничен премин Лемос–Маркова Нога, кој е затворен уште од 1967 година. Повеќе од 75 креативци од осум земји ќе се обединат преку визуелната уметност, музиката и филмот, трансформирајќи го овој граничен простор во место за културна средба, дијалог и отворена размена – информираат организаторите.

Дел од програмата е интернационална изложба на современата уметност во Старото собрание во Лемос, која ќе биде отворена на 18 септември, во 20 часот. Посетителите ќе можат да видат дела од светски уметници, како и претстави на самото место на дигиталната СЛОВО-повелба, која функционира како онлајн културна мапа на фестивалот што постојано се развива.

Потоа програмата продолжува со прекугранична музичка средба „Ноќ на границата“ в сабота, во 20 часот, на отворен простор пред Старото собрание во Лемос. Вечерта ќе настапат „Пантелис стоикос лејк квартет“, „Моира“, „Трето колено“ и „Витин д ворлд дуо“, кои ќе донесат фузија од џез, балкански музички традиции и импровизација.
Потоа следува „Просторот како поле на трансформација и соживот“ в недела, во 20.30 часот, во Градска библиотека во Преспа. Овој дел од програмата е наменет за проекција на селектирани кратки филмови во соработка со фестивалот за краток филм „Балканот надвор од границите“ и Интернационалниот филмски фестивал во Лерин.