Фото: Ка.М

„Тивок ритам на формите” од Милица Алимпиќ Илиќ е изложбата на слики отворена синоќа во Ликовната галерија во ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп. Уметницaта се претставува со дела на кои се појавуваат изразени женски фигури како централен носител на визуелната и емотивната приказна.

Фото: Ка.М

Изложбата ја отвори Бранко Трајкоски кој посочи дека сликите од Милица Алимпиќ Илиќ претставуваат спој на геометриска апстракција, организам и метафизичко сликарство, односно геометриски фигуративен модернизам и современ кубизам со арт деко влијание.

Фото: Ка.М

– Тематскиот фокус е врз женската енергија, движењето, емоционалната состојба и просторот, преку кој, заради спојот на сценскиот дизајн, циркуско театарските мотиви и геометриската архитектура во позадина има доближување на руската авангарда….Во одредени слики , заради мистериозната перспектива, чудните рамки и прозорци и атмосферата на осаменост и интроспекција, се пронаоѓа референтност кон амбиентот на Џорџо де Кирило” – рече на отворањето на изложбата Трајкоски.

Милица Алимпиќ Илиќ е академска уметница од Србија, која има реализирано повеќе изложби, а се занимава и со едукација и илустрација. Изложбата е поддржана од Министерство за култура и туризам. Ка.М