Фото: ЕПА

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Утре и во сабота ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Во недела и во следните неколку денови, во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се очекува појава на невреме со силен ветер и град. Температурата постепено ќе опаѓа.