Фото. Александар Вучиќ/Инстаграм

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека парламентарните избори во Србија ќе се одржат на 18 или 25 октомври. Според него, конечната одлука кој ќе биде точниот датум ќе биде позната за неколку дена.

-Парламентарните избори во Србија ќе се одржат, како што стојат сега работите, или на 18 или 25 октомври, а ќе знаеме на кој ден – рече Вучиќ во гостувањето во „Дневник 2“ на Радио Телевизија Србија.

Тој истакна дека претходно најавил дека изборите ќе се одржат кон крајот на октомври.

Подолг период Вучиќ и владејачката Српска напредна странка се соочуваат со протести и собири на кои студентите, голем број здуженија, но и опозицијата бараат избори и промена на власта во Србија.