Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално се очекува развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат од 30 до 38 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 35 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските региони.

Од четврток следува период на значително потопло време, а во текот на викендот температурите на места се очекува да надминат 40 степени Целзиусови.