Фото: ЕПА

Украина, преку механизмот за итен одговор на НАТО, побара меѓународна помош за зајакнување на капацитетите за деминирање и отстранување експлозивни направи, соопшти денеска НАТО.

Државната служба за вонредни состојби на Украина (СЕСУ) изјави дека поради руските напади, голем дел од земјата е со мини и други експлозивни направи, што претставува сериозна закана за цивилите и критичната инфраструктура, се вели во соопштението.

Деминирањето е означено како еден од стратешките приоритети за безбедноста на населението и обновата на земјата.

Побарана е специјализирана опрема за единиците на СЕСУ низ цела Украина, особено во областите најпогодени од руските напади.