Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Брзото полнење не е толку штетно за батеријата како што често се тврди, но високата температура што се создава при полнењето може постепено да го забрза нејзиното стареење, пишува Лајв сајанс (Live Science).

Според Жијуан Џијанг, вонреден професор по хемиско инженерство на Универзитетот „Сиан Џиаотонг“ во Кина, современите уреди се опремени со системи што ја следат температурата и автоматски ја приспособуваат брзината на полнење, со што го намалуваат негативното влијание врз батеријата.

На истото укажува и Станислав Занковски, истражувач на батерии на Универзитетот Оксфорд, кој вели дека најголем непријател на литиум-јонските батерии е прегревањето, а не самото брзо полнење.

Затоа експертите препорачуваат телефонот да не се полни на директно сонце или во многу топла средина, како и да се користат квалитетни полначи. За секојдневна употреба, најдобро е нивото на батеријата најчесто да се одржува меѓу 20 и 80 проценти.