Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека решението за војната во Украина е поблиску отколку што јавноста претпоставува и најави дека ова прашање ќе биде една од темите на претстојниот Самит на НАТО во Турција.
Трамп рече дека и Русија и Украина се заинтересирани за завршување на конфликтот.
-Претседателот Путин сака ова да заврши. Тоа го велам многу категорично – изјави Трамп.
Тој откри дека за време на викендот имал телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, кој, според него, поминал во добра атмосфера.
-Тој сака да заврши ова. И Украина сака да заврши ова. Ние преговараме – рече американскиот претседател, додавајќи дека и украинскиот претседател Володимир Зеленски сака што поскоро да се стави крај на војната.
Трамп изрази уверување дека на претстојниот Самит на НАТО во Анкара ќе биде направен напредок кон изнаоѓање решение за завршување на конфликтот во Украина.
































