Фото: Доналд Трамп/Трут Социал

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави ограничено издание на нов американски пасош со негов портрет, издаден по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД.

– Новиот пасош на Соединетите Американски Држави, кој порачува: „Добредојдовте, но однесувајте се пристојно!“ – напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут социал“ (Truth social).

На објавената фотографија претседателот е прикажан со сериозен израз, потпрен на работната маса, додека во заднина се гледа текстот на Декларацијата за независност.

На втората страница е претставена слика од потпишувањето на Декларацијата за независност во 1776 година, со натпис „USA 250“.

Белата куќа исто така ја објави фотографијата, нарекувајќи го документот „патриотски пасош“, додека Стејт департментот засега не се огласи.