Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5 часот и 36 минути, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга.
-Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала – наведуваат од Сеизмолошката опсерваторија.


































