Фото: Пиксабеј

Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од скопското село Шишево, по пријава дека со огнено оружје пукал кон свој соселанец и му нанел повреда.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен околу 16.10 часот од страна на И.Ш. од Шишево. Тој навел дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А., по што Г.А. извадил пиштол и испукал кон него.

При пукањето, И.Ш. се здобил со повреда во пределот на увото.

По добиената пријава, полициските службеници веднаш презеле мерки и активности и го привеле осомничениот Г.А.

Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.