ЏУДО
- Џудо-федерацијата на Македонија ги кани сите љубители на спортот да бидат дел од овој голем џудо-спектакл во Битола и да ги поддржат македонските млади надежи во нивните настапи
Македонија повторно ќе биде епицентар на балканско џудо за деца, в сабота и недела. Во Битола ќе се одржи балканското првенство во џудо за деца до 14 години „Битола 2026“, на кое ќе настапат најдобрите млади џудисти. Борбите се закажани во спортската сала „Боро Чурлевски“, а натпреварувачите (момчиња и девојчиња) од повеќе балкански џудо-федерации (Македонија, Србија, Романија, БиХ, Црна Гора, Турција, Кипар, Албанија, Турција, Бугарија, Косово) ќе ги покажат своите вештини, спортски дух и борбеност на ова престижно првенство.
Според предвидената програма на Балканијадата, утре од 9 часот се прелиминарните борби, во 16 часот е свеченото отворање, а финалниот блок на борби е од 16.15 часот. В недела, пак, од 9 часот се прелиминарни борби, а веднаш потоа е и финалниот блок на борби.
– На Балканското првенство нашите репрезентативци ќе ги предводи селекторот Марин Биљаноски, кому ќе му помага тренерот Ѓорѓија Стојанов, а спортските активности ќе ги координирам јас, како спортски директор на ЏФМ – ни изјави Дејан Мицкоски.
Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ) ги кани сите љубители на спортот да бидат дел од овој голем џудо-спектакл во Битола и да ги поддржат македонските млади надежи во нивните настапи. Г.И.

































