Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а на одредени места повремено ќе биде и засилен.
Попладне, особено во јужните делови од земјата, ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат меѓу 23 и 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 29 степени.
Според прогнозите, и во текот на новата седмица ќе се задржи сончево и топло време, но во попладневните часови повторно ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток.


































