Изложба во Музејот на град Скопје
Во просториите на ЈУ Музеј на град Скопје ќе се отвори изложбата Црковната уметност на 19 век во Скопје и Скопскиот Регион, денеска во 19 часот. Автори на изложбата и каталогот се м-р Викторија Грозданова Коцевски и м-р Станимир Неделковски.
Изложбениот концепт опфаќа презентација на дваесетина иконописни дела од збирката на икони од 19 до почеток на 20 век од Музејот на град Скопје, кои се насликани од страна на најзначајните зографи на 19 век: Крсте, зограф од Велес, Дичо Зограф, Петре Пачаров Дебранец, Благој (Блаже) Дамјанов, Дамјан зограф од Крушево и Димитар Андонов Папрадишки, потоа неколку примероци на новоизработени псевдофрески, кои фрагментарно ги презентираат најзначајните теми од иконографската програма на црквите „Св. Георги“ во селото Бањани и „Св. Никола“ во селото Глуво, насликани од централната фигура на црковната уметност на 19 век, Дичо Зограф и фотографии на иконостаси создадени во 19 век од црквите од Скопскиот Регион.
































