Фото: Принтскрин

Бугарската пејачка Дара е победничка на 70. издание на Евровизија, кое се одржа во Виена.

Таа настапи со песната „Бангаранга“ и ѝ ја донесе на Бугарија првата победа во историјата на ова музичко натпреварување. Дара победи со комбинираните гласови од стручното жири и публиката, освојувајќи вкупно 516 поени.

Големото финале се одржа во Виена, каде настапија 25 финалисти. Според официјалната објава на Евровизија, Дара била водечка и кај жирито, а потоа триумфирала и со гласовите од публиката.

Второто место го освои претставникот на Израел, Ноам Бетан, со песната „Мишел“, додека третото место ѝ припадна на Романија, која ја претставуваше Александра Капитенеску со песната „Чоук Ме“.