Заедничкото богатство на Бекам и неговата сопруга Викторија се проценува на 1,185 милијарда фунти
Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам стана првиот британски спортски милијардер. Заедничкото богатство на Бекам и неговата сопруга Викторија се проценува на 1,185 милијарда фунти (околу 1.583 милијарда долари). Ова ги става на второ место меѓу спортските личности, зад семејството на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, чие богатство се проценува на две милијарди фунти, објави „Сандеј тајмс“ на својата најнова листа на најбогати луѓе во Обединетото Кралство за 2026 година.
Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија сега е косопственик на клубот Интер Мајами, кој се смета за највредна франшиза во американската МЛС-лига со проценета вредност од 1,45 милијарда долари. Бекам, кој ја доби титулата „витез“ во 2025 година, исто така заработува голем паричен приход и како амбасадор на брендови, како што се „Хуго Бос“ и „Адидас“. Богатството на Викторија Бекам, пак, во голема мера произлегува од модната компанија што ја изгради по светската слава како членка на познатата музичка група „Спајс грлс“. Г.И.