Фото: ОФМ

ОДБОЈКА

  • Одработивме квалитетно во Крушево со помладите, а сега продолжуваме со интернационалците во Скопје да ја темпираме формата за Европската лига 2026, вели репрезентативецот Давид Стојанов

Интернационалецот Лука Костиќ и техничарот на Штип УГД, Давид Стојанов, беа дел од репрезентативците што во Крушево ја одработија првата фаза од подготовките за Европската лига 2026. Двајцата, по ден одмор, одново се ставаат на располагање на селекторот Јошко Миленкоски, но сега во Скопје, каде продолжува темпирањето на формата на македонската репрезентација.
– Одработивме квалитетно во Крушево со помладите, а сега продолжуваме со интернационалците во Скопје да ја темпираме формата за Европската лига 2026. За разлика од претходните години, оваа имаме еден посериозен циклус, со поголема тежина, па поради тоа и комплетниот пристап и поглед се соодветни. Ставот е јасен – на сите натпревари ќе го дадеме максимумот и да дојдеме до што повеќе победи. Имаме три противници со кои може да играме, додека со другите ќе се обидеме да извлечеме што подобар резултат – вели репрезентативецот Давид Стојанов во пресрет на подготовките во Скопје – информира Oдбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).
Слично размислува и Лука Костиќ, кој се надева на резултатски убаво лето, како увертира за Европското првенство (ЕП) во септември.
– Мило ми е што помладите одбојкари добија поголема шанса, не само на поширокиот список туку и во тренажниот процес и имавме добри подготовки во Крушево. Ни претстои тешко лето и сите сме свесни за тоа, особено поради фактот дека Европската лига годинава има големо значење за собирање поени за следниот континентален собир. Се надевам дека сите ќе бидеме здрави и дека ќе имаме едно резултатски убаво лето, што ќе биде добро во пресрет на Европското првенство, кое нѐ очекува во септември – констатира Костиќ, пренесе ОФМ. Г.И.


Љафтов со Елоре е вицешампион на Унгарија

Љафтов со Елоре е вицешампион на УнгаријаМакедонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот клуб Елоре се вицешампиони на Унгарија за сезоната 2025/2026. Во финалето на плејофот, тие загубија со 1-3 во победи од екипата Фино Капошвар и останаа без шампионскиот пехар. Љафтов и неговите соиграчи се бореа за продолжување на серијата и за „мајсторка“, но противникот беше решен пред својата публика да ја прослави првенствената титула. Љафтов од Унгарија сезонава се враќа како вицешампион и финалист на тамошниот Куп, но со Елоре го освои првото место во средноевропската МЕВЗА-лига. Македонскиот интернационалецот доби неколку слободни дена за да се одмори по напорната сезона, а на 20 мај треба да ѝ се приклучи на македонската репрезентација за настапот во Европската лига.