фото: Завод и музеј Прилеп

Со интерактивната работилница и изложба „Балканскиот јунак Крали Марко“, одржана во Завод и музеј Прилеп и со работилницата за ученици „Крали Марко низ детските очи“ во црквата св. Никола во Варош денеска во Прилеп започна манифестацијата Денови на Крали Марко. Вечерва од 20 часот во црквата св. Никола ќе се одржи и прокеција на планиснки филм во рамките на фестивалот „Ехо патува“.
Деновите завршуваат в недела со концерт на групата „Мизар“ на амфитеатарот во Варош, со почеток од 20 часот.
Манифестацијата „Денови на Крали Марко“ е културен настан во организација на Општина Прилеп, со кој се одбележува годишнината од загинувањето на легендарниот крал и се промовира Прилеп како град каде што живеел.
– Овој средновековен владетел, познат по бројни подвизи, е најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот – велат од општина Прилеп.

Ка.М.