Фото: ЕПА

Индискиот премиер Нарендра Моди и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Њу Делхи разговараа за состојбата во Украина, кризата на Блискиот Исток и за унапредување на билатералната соработка меѓу Индија и Русија.

Средбата се одржа по состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС, при што индиската страна повторно ја истакна потребата од дијалог и дипломатија како клучни механизми за решавање на меѓународните конфликти.

Во соопштението од кабинетот на индискиот премиер се наведува дека двајцата функционери размениле мислења за регионални и глобални прашања од заеднички интерес, со акцент на зачувување на регионалната стабилност.

За време на разговорите бил разгледан и напредокот во билатералната соработка по средбата меѓу Нарендра Моди и рускиот претседател Владимир Путин на 23. самит Индија–Русија, одржан во декември 2025 година.

Моди побарал од Сергеј Лавров да му ги пренесе неговите поздрави на Владимир Путин – се додава во соопштението.