Најмалку тројца луѓе се повредени и пренесени во болница, откако маж ги избоде на сред улица во Манчестер, пренесуваат британските медиуми. Како што изјавиле очевидци, луѓе бегале испаничени додека напаѓачот ги бодел со нож.
Повредените се маж и жена на околу 50 годишна возраст и еден полицаец. Нивните повреди се опишани како сериозни, но не опасни по живот.
Напаѓачот извикувал „Алах Акбар“ додека полицијата го приведувала. Нападот се случил на станицата Викторија во Манчестер.