На големото платно во една концертна сала во Ријад, која специјално за оваа пригода беше претворена во киносала, деновиве беше прикажан првиот филм во Саудиска Арабија по 35 години. Избраните гледачи на затворената проекција имаа можност да го погледнат актуелниот холивудски хит „Црниот пантер“.
Во претходните неколку години Саудиска Арабија постепено ги укинуваше забраните за емитување филмови, заедно со оние за одржување на локалните филмски фестивали и емитувањето во импровизирани киносали.
Како што наведува агенцијата АП, во 1970-тите години имало неформални проекции на филмови, но овие настани често биле прекинувани поради религиозните услови во земјата.