Денес времето ќе биде облачно и нестабилно, со врнежи од дожд кои на одредени места ќе бидат пообилни, со количина од 15 до 20 литри на метар квадратен. Поради продор на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе преминуваат во снег.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 5 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 10 до 18 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе изнесува околу 9 степени, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи ќе се задржи и во наредните денови. Температурите ќе бидат во опаѓање, а утринските на некои места ќе се спуштат и под нула. Стабилизирање на времето и пораст на дневните температури се очекува од почетокот на следната недела.




































