Иран ќе дозволи премин низ Ормускиот Теснец во Персискиот Залив по завршувањето на војната против САД и Израел само во согласност со протоколите кои ќе ја штитат безбедноста на Иран, изјави денеска иранскиот заменик-министер за одбрана Реза Талаеи Ник.
Говорејќи на состанокот на министрите за одбрана на земјите од Шангајската организација, тој рече дека Иран ја препознава меѓународната загриженост поради моменталните ограничувања што ги воведе за премин низ Ормускиот Теснец, но истакна дека ограничувањата се одговор на американско-израелските напади врз земјата, кои почнаа кон крајот на февруари и беа запрени со прекинот на огнот на 8 април, пренесува телевизијата „Прес“.
Тој наведе дека Иран ќе дозволи комерцијални поминувања низ теснецот доколку војната трајно прекине.
– Овозможувањето непречен транзит на комерцијални бродови ќе биде на дневен ред по завршувањето на војната, под услов да се почитуваат протоколите кои не ја загрозуваат безбедноста на Иран – рече Ник.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Техеран наводно побарал од Вашингтон што е можно поскоро да ја укине својата блокада на Ормуската Теснина, бидејќи Иран е „во состојба на колапс“.
































