Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,50 денари по литар, додека цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2,00 денари по литар, соопшти Регулаторна комисија за енергетика, пренесе МИА.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,00 денар по литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 денари по килограм и ќе изнесува 46,656 денари за килограм.
Од 28 април од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Еуросупер БС-95 – 82,50 денари за литар
Еуросупер БС-98 – 84,50 денари за литар
Дизел – 91,50 денари за литар
Екстра лесно масло за горење – 96,00 денари за литар
Од РКЕ напоменуваат дека ова се највисоки дозволени цени, а трговците на големо и мало можат да ги формираат цените и пониско од утврдените максимуми.

































