Фото: ИКС

Напаѓачот на вечерата со дописниците во хотелот Вашингтон Хилтон во Вашингтон, идентификуван како Кол Томас Ален од Калифорнија, признал дека цел му биле американски политичари, пренесе „Ен-би-си њус“.

Тој утре ќе биде изведен пред суд, каде ќе се соочи со две обвиненија – незаконска употреба на огнено оружје и напад врз сојузен агент со опасно оружје.

Според истражителите, Ален е од предградие на Лос Анџелес и работел како учител и програмер на видеоигри. Во хотелот бил регистриран како гостин. Кај него биле пронајдени сачмарка, пиштол и неколку ножеви.

По инцидентот, осомничениот е задржан под полициски надзор во болница каде му се укажува лекарска помош. Повреден е и агентот кој го запрел напаѓачот, откако бил погоден во заштитниот панцир.

По отворањето оган, претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп биле евакуирани, додека околу 2.600 присутни панично ја напуштале салата. Агентите на Тајната служба ги легнале на подот и државниот секретар Марко Рубио, како и министрите Роберт Ф. Кенеди Помладиот и Даг Бургум.

По нападот, Трамп изјави дека инцидентот нема да го одврати од, како што рече, „војната во Иран“, додавајќи дека засега не верува оти пукањето е поврзано со конфликтот.

Инцидентот беше осуден и од светски лидери. Премиерот на Канада Марк Карни, премиерот на Австралија Ентони Албанезе и претседателката на Мексико Клаудија Шајнбаум го оценија како чин на политичко насилство.