Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека може да го прекине примирјето со Иран доколку до среда не се постигне долгорочен договор за прекин на војната.
– Можеби нема да го продолжам, но блокадата (на иранските пристаништа) ќе остане – им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ на враќање кон Вашингтон од Феникс, Аризона.
– Значи, имате блокада и за жал ќе мора повторно да почнеме да фрламе бомби – рече тој.
































