Американскиот министер за енергетика, Крис Рајт, изјави дека цените на нафтата најверојатно ќе останат високи и би можеле дополнително да растат додека не се нормализира поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец.
– Веројатно во следните неколку недели цените ќе го достигнат пикот, пред да почнат постепено да опаѓаат – изјавил Рајт, пренесува МИА.
Тој посочил дека стабилизацијата ќе зависи од развојот на конфликтот на Блискиот Исток и обновувањето на протокот на енергенси.
Според него, колку подолго трае кризата, толку подолготрајни ќе бидат и притисоците врз глобалниот енергетски пазар.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека цените на нафтата и гасот би можеле да останат високи и до изборите во ноември.































