Фото: „Нова Македонија“

Европската Унија останува убедена дека дипломатијата е од суштинско значење за решавање на сите отворени прашања во конфликтот на Блискиот Исток, изјави портпаролот Анвар Ел-Ануни по неуспехот на разговорите меѓу САД и Иран, посредувани од Пакистан.

-Го пофалуваме Пакистан за неговите напори за посредување. Европската Унија ќе придонесе за сите дипломатски напори, земајќи ги предвид сите свои интереси и загрижености, во целосна координација со своите партнери – рече портпаролот.