Македонско друштво „Илинден“-Тирана го честита Велигден на православни верници, со желба да го слават во текот на многу следни години.
-Како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото воскресение, а во нас ја буди надежта која очајно ни е потребна во нашите животи, за нашите работни места, за нашите семејства, за нашата иднина. На Велигден нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нѐ учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отврете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас – стои во честитката потпишана од претседателот на „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.

































