Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на Челинџерот во Мадрид, откако нејзината противничка, Русинката Корнеева го предаде мечот во вториот сет. Првиот сет Ѓорческа го загуби со 3:6, а во вториот, при водство на нашата тенисерка од 1:0, противничката се предаде.
Според ждребот, во следното коло, утре Ѓорческа ќе се сретне со Италијанката Пигато, која е 189 на ВТА ранг-листата.
Со пласманот во четвртфиналето Ѓорческа го забележа еден од најдобрите резултати во својата кариереа, затоа што турнирот е од челинџер серијата со награден фонд од 125 илјади долари.

































